Годината во која ги одбројуваме последните часови на ракометен план во Македонија, мина во знакот на Еурофарм Пелистер. Битолчани ја прекинаа долгогодишниот пост и се израдуваа на шампионската титула во домашното првенство.

Ривалството со скопски Вардар секако беше во преден план. Но, битолчани може да ми заблагодарат и на „новајлијата“ Алкалоид како и на кавадаречки Тиквеш кои им одзедоа важни бодови на црвено-црните.

Алкалоид како дебитант во суперлигашката конкуренција направи големо изненадување завртувајќи ја сезоната на втората позиција.

Вардарци и покрај големите промени пред стартот на сезоната, сепак и во 2023-тата се закитија со трофеи. Двата ги освоија во директните пресметки со ривалот Пелистер, првата во финалето на Купот, а потоа и во Супер купот.

Токму овие четири екипи беа (се) нашите претставници на европската сцена. Вардар и Тиквеш одиграа само по два натпревари и по првата рунда го завршија својот настап. Алкалоид пак дебтираше со една победа и еден нерешен резултат. Еурофарм Пелистер има да одигра уште четири натпревари во Лигата на шампоните во која ги загуби сите 10 досегашни дуели.

Во 2024-тата тоа ќе биде и квартетот на екипи кој заедно со Охрид се претенденти за највисок пласман и за освојување на трофеите.

Кај дамите трофеите им припаднаа на екипите на Ѓорче Петров и Куманово.

„Лавиците“ од Ѓорче повторно го освоија шампионскиот трофеј, а Куманово триумфираше во националниот Куп.

Што се однесува до настапите на европската сцена, Ѓорчепетровки сеуште се во игра. Во втората половина на јануари (2024) ги очекува двомеч во осминафиналето на Евро купот. За разлика од нив, Куманово и Чаир одиграа само една рунда.

Репрезентативно македонскиот ракомет во 2023-та не може да се пофали со врвни резултати.

Промената на генерацијата во машката сениорска репрезентација, резултира со нискиот пласман на Светското првенство. Но, репрезентацијата предводена од селекторот Кирил Лазаров, се избори за нов настап на големо натпреварување. Веќе во јануари Македонијо ќе учествува на Еврипскиот шампионат во Германија.

Женската репрезентација победнички го започна новиот циклус за пласман на европското првенство и е на одличен пат да го избори своето учество.

Она што радува е одличниот настап на младинската селекција предводена од селекторот Радослав Стојановиќ. Ракометарите родени 2004-та и помлади имаа одличен настап на Светското првенство до 19 години во Хрватска. Да не беа судиските неправди, сигурно дека оваа селекција ќе беше и повисоко рангирана од деветтото место, што и онака преставува успех. Оваа генерација во 2024-та ја очекува нов предизвик настап на Европското првенство во Словенија летово.

Трендот на успешни настапи на младинските категории очекуваме до го продолжи и кадетската репрезентација која веќе на 5 јануари ги почнува квалификациите за ЕП.

Вообичаено првиот месец од годината започнува со настапот на ракометарите, па им посакуваме на сите успешна Нова 2024-та година.