Кошаркарите на ТФТ утре ќе го играат вториот натпревар во АБА-2 лигата. Избраниците на тренерот Боро Смилковско за противник ќе имаат српската екипа Херцеговец, против која ќе играат на гостински терен. 

Екипата од скопската населба Тафталиџе со пораз го започна ова натпреварување. Но, на гостувањето кај Слобода Тизла, Смилковско не можеше да смета на странските засилувања.

,,Пред нас е сериозен предизвик и тежок натпревар против екипата на Херцеговац, која е исклучително цврста екипа со доста искусни играчи.

За нас би рекол и отворање на сезоната и комплетен ростер, можност за евалуација на сработеното и одлична прилика да се дефинира правецот во кој се движиме годинава.

Агресивноста во одбрана и контролата на скокот ги издвојувам како клучни параметри за евентуален успех во натпреварот”, вели тренерот на ТФТ, Смилковски. 

Утрешниот натпревар меѓу Херцеговац и ТФТ е во рамките од Б групата, а ќе почне од 18 часот .