Mладата женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 20 години, денеска го игра вториот натпревар за Европското првенство 2027. На зонскоиот турнир во Мостар, избраничките на селекторот Деан Стојанов, го претрпеа вториот пораз.
Откако вчера во три сета загуbија од Романија, младите македонски одбојкарки денеска без освоен сет го завршија и мечот со Белорусија. Дуелот од 2.коло во групата А, Белорусинките го добiја со 3:0. Во првите два сета на напите младинки противничките им дозволија да освојат по 19, а во третиот поен помалку (18).
Ова беше втората победа на Белорусија која е прва во нашата група и веќе обезбеди пласман во полуфиналето. Таму може да игра и Романија доколку денеска слави над БиХ. А, токму домашната селекција на БиХ ќе биде следниот противник на македонските младинки во дуелот што ќе се игра утре од 19.30 часот.
Во групата Б се репрезентациите на Србија, Бугарија, Русија и Турција. Двете првопласирани селекции од групите ќе обезбедат пласман во полуфиналето.
































