Четврти ден натпревари на охридскиот ракометен турнир „Крсте Андоновски“. Тој носи два директни дуели за 1.место во групите, а со тоа и пласман во финалето.

Програмата ќе ја отворат хрватскиот Нексе и грчки Олимпијакос кои се борат за 3.место во Б групата.

Веднаш по нив следува мечот за првото место меѓу македонскиот шампион Вардар и словенечката екипа Тримо Требње. Овој натпревар ќе почне во терминот од 18.45 часот.

Дуелот која пак решава за првото место во А групата, е закажан за 21 часот. Во него домаќинот и бранител на трофејот од минатата година Охрид за противник ќе го има хрватскиот првак Загреб.