Денеска во Скопје е ден за најголемиот македонски ракометен спектакл во Супер лигата. Актуелниот шампион Вардар во спортскиот центар „Јане Сандански“ го пречекува вицепрвакот Еурофарм Пелистер.

Оваа пресметка во рамките на 9. коло е прво сезонско соочување на двата гиганти.

Капитенот на Вардар, Васил Гогов, го најави овој дерби натпревар и ја истакна големата мотивација.

„Мотивацијата е тука. Знаеме што значат овие натпревари. Не очекува најголемото балканско дерби.

Заморот е присутен, ама сето тоа се остава зад нас на вакви средби. Ќе дадеме максимум пред се надевам полна сала“, изјави Гогов.

На првенствената табела Вардар е лидер со максимални осум победи од осум мечеви. Тимот на Еурофарм Пелистер заостанува само еден бод поради претходното реми со Охрид. Според најавите, но и пред се традицијата, салата „Јане Сандански“ се очекува да биде исполнета до последното место

Големиот ракометен спектакл помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер започнува попладнево во 17:45 часот. Натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б