Издание на охридскиот убиер крсте андоновски осум квалитетни екипи се презентира на две во македонското-грчкото дерби меѓу Варар и Олимпијакоси го доби македонскиот шампион убедлив со 39-27.
Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кое вардарци го добија со 10 гола разлика (21-11).
Воркапиќ и Фадул со постигнаа по 7 гола, а Лебар беше стрелец на 6, додека Малус додаде 5 гола за Вардар. Кај Олимпијакос најефикасен беше Панагиоту со седум гола.
Ова беше натпревар од Б групата во која се хрватскиот Нексе и тимот на Тримо Требње од Словенија, екипи кои утре ќе го играат својот прв дуел.
Во група А денеска на програмата два натпревари. Од 18:45 ќе почне натпреварот е меѓу домашниот Охрид и младинската египетската репрезентација до 20 години. Во вечерниот термин од 21 часот ќе играат хрватскиот шампион Загреб и српскиот вицепрвак Војводина.





























