Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекуваат последните два натпревари во Лигата на нациите. Очајниот септемвриски настап во кој црвено-жолтите претрпеа четири порази, без постигнат гол, треба да биде колку-толку поправен против Шкотска и Словенија.
Селекторот Гоце Седлоски денеска го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за овие два натпревари.
На списокот на Седлоски се 26 фудбалери. Во нападот ќе го нема Бојан Миовски, а повикан е Марко Ѓеорѓиевски од тетовска Шкендија. Во тимот ќе го нема и досега стандардниот дефанзивец Ѓоко Зајков, Затоа повратник во репрезентацијата е Дарко Чурлинов кој ги прескокна септемвриските натпревари.

„Миовски не го повикав, бидејќи нема настапи за својот тим“, изјави Седлоски.
Седлоски и неговите избраници се под голем притисок од јавноста, која со право очекува в подобри настапи на репрезентацијата.
Шансите за опстанок во втората квалитативна конкуренција се сведени на теорија, или подобро речено „невозможна мисија“.
Првиот натпревар против Шкотска, репрезентацијата на Македонија ќе го игра на гостински терен на 13 ноември. Последниот меч е на арената „Тодор Проески “во Скопје каде ќе гостува Словенија на 16 ноември.































