Охрид повторо се победници на Струшкиот ракометен турнир. Охриѓани кои и лани триумфираа на овој меѓународен турнир, и годинава во неговото 54-то издание го освоија пехарот.
Тие во финалето беа подобро од актуелниот македонски шампион Вардар со 31:30.
Охрид во финишот на првиот дел направи пресврт и на полувреме имаше предност од 15:13. Во второто полувреме Вардар беше во мала негатива и не успеа да направи пресврт. Голманот на Охрид Дино Сладиќ имаше 12 одбрани, а Филип Талески со 9 голови беше најефикасен. Во редовите на Вардар се истакна Мохаб со осум голови.
Третото место му припадна на тимот на Прилеп кој со 30:29 го победи домаќинот Струга, додека петтото го освои српската Дубочица која беше поуспешна од Бутел со 31:29.
Веќе за два дена (вторник) во Охрид ќе се игра нов силен меѓународен тиирнир на кој ќе настапат шест екипи.


































