Ракометарките на Ѓорче Петров официјално се промовирани во старо-нов  шампион во женската Супер лига.

Екипата на Куманово успеа да оствари победа над   Ѓорче Петров во седмото коло од женската Супер лига во плеј-офот со резултат 29:28.

Натпреварот стартуваше со серија од 4-0 на Ѓорче Петров. Куманово се обидоа да намалат на 4:3, но домаќините повторно со серија 3-0 поведоа со 7:4. Но Куманово не се откажаа и успеаја да израмнатна 7:7 па со серија 3-0 поведоа со 10:7. Домаќините израмнија па на полувреме заминаа со +2 за резултат 13:11.

Второто полувреме стартуваше со одлична игра гол за гол на двете екипи и неизвесност до крај. Гостите успеаја да поведат со +2 за 19:17. Но Ѓорче не се откажа па во 18 минута израмни на 20:20. Последните десет минути се играше извонредна и неизвесна игра. Куманово успеваше да направи кратко водство но домашните израмнуваа. Но сепак Куманово успеа да издвои минимална победа со резултат 29:28.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Зечециќ Сузана со осум погодоци, а кај поразената екипа Анастасија Николовска даде десет гола.

Покрај поразот Ѓорчепетровки и официјално се промовирани во старо-нов шампион.

Ивона Кимовска