Екипата на ЖРК Куманово е освојувач на Куп на Македонија во женска конкуренција откако во финалето во драматична завршница го совлада ЖРК Вардар со 31:30 (15:12). Ова за Куманово е трет трофеј откако во третото финале и секогаш совладана беше екипата на Вардар.

Првиот дел беше изедначен и дури во финишот на првиот дел Куманово успеа да се одлепи пред се поради свежината и тоа што вчера не играше полуфинале за разлика од Вардар. По 17:12 и 19:14 или +5 за ЖРК Куманово „вардарки“ се вратија и поведоа со 20:19. Во последните десет минути повторно се влезе со предност на Куманово од +3 (26:23).

Но, драмата беше во последната минута кога Вардар изедначи на 31:31 по седмерецот Сара Стефановска. Потоа следуваше исклучувањето за „вардарката’ Попова, а последниот напад на 8 секунди го реализираше Пена Граматикова за 32:31 и победа за ЖРК Куманово.

За најдобар играч и стрелец награди доби Бразилката во дресот на ЖРК Куманово Алмеида Андреза, која постигна 11 голови. Наградата за најдобар голман ја доби Андреа Илиќ од ЖРК Вардар. Во редовите на ЖРК Вардар најефикасна во финалето беше Сара Стефановска со 10 голови.