Последен ден натпревари на охридскиот ракометен турнир „Крсте Андоновски“. Тој ги носи дуелите за конечен пласман и се разбира големото финалето.
За пехарот ќе се борат двете македонски екипи, актуелниот шампион Вардар и домаќинот и бранител на трофејот од лани Охрид.
Ова ќе биде второ финално соочување на Вардар и Охрид за само седум дена.. Минатиот викендот тие играа во финалето на струшкиот турнир, а поуспешен беше Охрид. За 10 дена (2 септември) Вардар и Охрид пак ќе се борат за пехар и тоа во Супер купот на Македонија.
Денешниот финален натпревар меѓу Вардар и Охрид ќе се игра во терминот од 20 часот.
Претходно (17.45 часот) Загреб и Тримо ќе играат во мечот за третото место. Во претпладневната програма од 10:30 часот е дуелот за 7.место меѓу Олимпијакос и Египет У20, а од 12:30 ќе играат за 5.место Војводина и Нексе.

































