Ракометарите на Охрид се домаќини на петтиот меѓународен турнир „Крсте Андоновски“. Тие воедно го бранат и трофејот освоен минатата година/.

Тимот на Охрид победнички го почнаа годинашното издание откако славеше во дуелот против младинската селекција на Египет.

Во натпреварот од А групата, ракометарите на Охрид со 31-27 ја совладаа селекцијата на Египет до 20 години. Уште од самиот почеток избраниците на Ројевиќ ја презедоа контролата над резултатот. Иако не направија голема предност сепак на полувремето заминаа со три позитива 15-12.

И во вториот дел македонскиот тим ја контролираше играта. Во повеќе наврати охриѓани имаа и пет голови предност за на крајот славеше со четири разлика.

Ова беше првиот меч од оваа група во која вечерва ќе играат хрватскиот шампион Загреб и српскиот вицепрвак Војводина.

Во првиот натпревар на турнирот, макеоднскиот шампион Вардар убедливо го надигра грчки Олимпијакос.

Следете нé на социјалните мрежи