Се е подготвено за ново ракометно уживање крај охридската ривиера. Струшкиот турнир заврши пред три дена, а сега на ред е охридскиот.

Вчерашниот дуел меѓу Вардар и Војводина, прв од РРЛ лигата, воедно беше увертира за петдневната програма на турнирот „Крсте Андоновски“. Седум екипи и една (младинска) репрезентација се дел од овој меѓународен турнир.

Во групата А, покрај домаќинот Охрид, се и хрватскиот шампион Загреб, српскиот вицепрвак Војводина, и младинската селекција на Египет (У20).

Македонскиот шампион Вардар, е предводник во Б групата во која ќе играат и Нексе од Хрватска, грчкиот Олимпијакос и тимот на Тримо Требње од Словенија.

Натпреварите во групната фаза ќе се играат од денеска до петок (по три) во термините од 16.30, 18.45 и 21 часот. Четири натпревари (за пласман) ќе има само во сабота, а финалето во СЦ „Биљанини Извори“ е закажано во терминот од 20 часот.

Трофејот ќе го брани домаќинот Охрид кој лани во финалето беше подобар од битолски Еурофарм Пелистер.

Следете нé на социјалните мрежи