Македонскиот одбојкарски шампион во женска конкуренција, тимот на Работнички го заврши својот настап на европската сцена. Одбојкарките на Работнички доживеаја нов убедлив пораз од грчкиот Заон Кифисија со 0:3 во сетови и испаднаа од Челeнџ купот.

Македонскиот шампион не успеа да пружи посериозен отпор за време на 62-минутниот дуел во салата „Јане Сандански“. Натпреварот во Скопје покажа целосна доминација на гостинската екипа која славеше со 25:9, 25:10 и 25:17 по сетови

Најефикасни во редовите на нашиот тим беа Карија Трифуновска и Ана Павлоска со по шест освоени поени. Кај победничкиот состав се истакнаа Аикатерина Гиота и Фероники Зиога, кои забележаа по единаесет поени. По двата порази со идентичен резултат, младата генерација на Работнички сега се фокусира исклучиво на домашното првенство.

Утре реванш дуелот од оваа фаза во ЦЕВ Челенџ купот ќе го играат и одбојкарските на Јанта волеј. И тимот од скопска Кисела Вода е пред елиминација. Јанта волеј со 0:3 го загуби првиот меч со чешкиот состав прашка Ви Клуб, а утре гостува во Прага.