Женската репрезентација на Македонија до 20 години загуби од Романија во Зонските квалификации за ЕП 2027 кои се играат во Мостар, БиХ.
Во натпревар од групата А, македонските одбојкарки се поразени во три сета со 0:3 (17:25, 20:25, 16:25).
Нашите млади одбојкарки добро го почнаа мечот и беа рамноправни се до 9:9,. Потоа следуваше серија од 0-5 (9:14) на противникот на која во прилог и одеа и техничките грешки и проблемите со приемот во нашата игра. Романија се одлепи на 13:20 и потоа лесно дојде до предност од 0:1 во сетови.
Во вториот сет Македонија бркаше негатива на стартот (4:7) но одигра одлично во средината на сетот. Со серија изедначи на 13:13, па дури имаше и предност од 17:18. Одново ривалот нападна со сервис и со 20:25 стигна до водство од 0:2.Во третиот сет иницијатива ја имаа Романките иако нашите репрезентативки понудија отпор во средината на сетот (10:13, 14:16) за на крајот да загубат со 16:25 за конечни 0:3 за противникот.
Македонија утре во второто коло ќе се соочи со Белорусија во дуел закажан за 14:30 часот.





























