Женската ракометна репрезентација на Македонија, една од четирите кои ќе не претставува на Медитеранските игри, во екипните спортови.

Младите македонски ракометарки со пораз ги почнаа своите настапи. Тие во натпревар од првата група загубија од репрезентацијата на Грција со 25-31.

Иако првото полувреме нашите млади ракометарки го завршија со позитива 14-10, сепак во второто следеше голем пад во играта. Жолто-црвените постигнаа само 10, а примија дури 21 гол, па противничките заслужено се радуваа.

Следен противник на Македонија, во трката за првите две места што водат во полуфиналето, ќе биде Тунис во понеделник. Покрај ова репрезентација противнички на македонските ракометарки ќе бидат и Алжир, Италија и Косово редослед.

Во екипните спортови денеска свој прв настап ќе има и младинската селекција на Македонија до 21 година.Младите македонски фудбалери во рамките од 1.коло на А групата ќе играат против Тунис, во натпреварот што ќе почнеме од 21 часот.