Македонскиот женски одбојкарски шампион Работнички Скопје вечерва ќе го игра реванш-натпреварот од 1.коло во ЦЕВ Челенџ купот. Нашите одбојкарки на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе се соочат со грчкиот претставник Заон Кифисија.

Скопскиот состав има тешка задача пред својата публика бидејќи на првиот дуел во Атина загуби со максимални 0:3 во сетови. На тој натпревар македонските шампионки најголем отпор пружија во вториот сет, но не успеаја да освојат ниту еден дел од играта. За пласман во следната фаза од ова европско натпреварување, на македонскиот тим му е потребен триумф од 3:0 или 3:1. Само со таква победа нашите девојки можат да се изборат за решавачки „златен сет“ пред домашните навивачи во Скопје.

Натпреварот што ќе се игра во СЦ “Јане Сандански“ ќе почне од 19 часот.

Вториот македонски претставник во женскиот ЦЕВ Челенџ куп, екипата на Јанта волеј, својот реванш-натпревар ќе го одигра утре во Прага. Јанта волеј гостува кај чешкиот состав прашка Ви Клуб. Првиот меч во Куманово гостинскиот состав го доби со 0:3.