Ракометарите на Охрид го одбранија трофејот на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ што се одржа изминатоите пет дена во Охрид.
На задоволство на домашната публика во СЦ „Биљанини Извори“, Охрид во финалето го совлада актуелниот македонски првак Вардар сои 29-27.
По израмнетата прво полувреме кое домаќините го добија со два разлика 12-10, во второто ја удавија предноста во неколку наврати. Скопјани се што сторија е да го ублажат поразот на два негатива, па повторно црвено-црните мораа да подадат рака на подобриот тим.
Мате со 6 и Кеита со пет гола беа предводници на оваа победата на Охрид за кој Јошида и Ќосески постигна по четири. Кај Вардар, но и на натпреварот, најефикасен беше Фадуил со 8 гола. Воркапиќ заврши со 7, а Љевар постигна шест гола.
Ова беше втора победа на Охрид против Вардар во финален меч за само седум дена. Претходно охриѓани го совладаа скопскиот тим и во финалето на Струшкиот турнир.
Веќе за 11 дена двете екипи повторно ќе играат за за трофејот. во Супер Купот, меч што е закажан за 19:00 часот во салата „26 април во Гевгелија“.


























