Најдобриот Македонски тенисер продолжува со одличните настапи во Монастир, Тунис и ќе игра за титулата.
Калин Ивановски денес, полесно од очекувањата успеа да се пласира во финалето, откако грчкиот тенисер, Стефанос Сакаларидис го предаде мечот.
Калин беше убедлив во првиот сет кој го доби со 6:2, а имаше и сигурна предност од 3:0 во вториот сет кога противникот поради повреда реши да го предаде мечот.
Во финалето Калин за противник ќе го има подобриот од дуелот помеѓу Тунижанецот, Моез Ешаргуи, 358 играч на АТП ранг листата и Италијанецот, Франческо Форти, 464 играч на светот.