Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши совет настап на турнирот во Анталија, Турција.

Ѓорческа е поразена во второто коло на овој турнир, што се игра за награден фонд од 115 илјади американски долари.

Подобро од нашата тенисерка беше Италијанката, Аурора Ѕантедески. Во мечот што траеше 2 часа и 15 минути Италијанката направи комплетен пресврт и го доби со 2:1 во сетови.

Првиот сет припадна на Ѓорческа која ја со два брејка го доби со 6-4. Сепак во следните два сета пратеничката одигра далеку подобро. Вторио сет Италијанката го доби со 6-3, ало третиот на Ѓорческа препушти само еден гејм (6-1).