Нов натпревар и нов пораз на фудбалската репрезентација на Македонија. И во петтиот меч во УЕФА Лигата на нациите, а вкупно 13-ти во низа, македонските фудбалери не успеваат да се израдуваат на победа. На гостувањето во Глазгов кај Шкотска во натпревар од претпоследното 5.коло, Македонија загуби со 2-1.
Првиот удар го видовме во 12.минута и тоа кон голот на домаќините кога Доријев откосо бидеш високо и непрецизно над голот. Затоа пак во 16.минута Столе Димитриевски мораше да ја спасува својата мрежа. Мектоминеј доби топка во нашиот шеснаесетник, биеше од свртување, но Димитриевски со прекрасна парада одбрани. Домаќините притискаат постојано кон нашиот гол, а тоа им донесе нива шанса во 39-тата минута. Мектоминеј изби сам пред Димитриевски кој одлично се постави и ја зачува мрежата. Во судиското дополнение голема шанса за гол имаше Барри. По акцијата на Елмас и повратната од Чурлинов, капитенот биеше, но ја погоди надворешната страна од мрежата на домашниот гол.
По осум натпревари во низа конечно гол на Македонија
Само што почна второто полувреме Шкотите имаа идеална можност да го отворат резултатот. Грешката на потесната македонска одбрана, неа казни Гилмор кој од шест метри биеше над празниот гол на Столе Димитриевски. Но, новата грешка на Елмад и Муслиу, во 54.минутабне пропушти да ја казни МекГини за водство на Шкотска од 1-0.
А, радоста на домаќините не траеше долго. Веќе во 56.мимута по корнерот на Барди, Растодер со глава ја затресе мрежата на Шкотите и израмни на 1-1.

И кога се понадевавме дека можеме да извлечеме позитивен резултат, нашата надеж ја расипа ВАР снимката. По прегледувањето на беше досуден пенал за домаќините, а МекГини беше сигурен реализатор за ново водство на Шкотска сега од 2-1. Тоа беше и конелниот резултат на натпреварот.
Последниот натпревар во овој мален циклус во Лигата на нации Македонија ќе го одигра на домашен терен. Во понеделник во Скопје, на арената „Тодор Проевски“ ќе гостува селекцијата на Словенија.


































