Супер интересен натпревар одиграа вечерва ракометарите на Вардар и Алкалоид во дербито од 10 коло во Супер лигата. Дуелот во СЦ „Борис Трајковски“, заврши со победа на Вардар со 36-31 со што ја оствари десеттата победа.
Вардарци одлично го почнаа натпреварот, и тоа со три неодговорени гола. Долго време „црвено-црните“ ја чуваа предноста од три гола, сè до седумнаесеттата минута кога беше 12:9. Тогаш гостите од Автокоманда успеаја да врзат три гола во серија и да го израмнат резултатот на 12:12. Сепак, Алкалоид не успеа ниту еднаш во првиот дел да дојде во водство, а Вардар максимум до крајот на триесеттата минута имаше само гол предност. Дека се играше израмнето, најдобро говори и резултатот на полувремето (17:17).
Во вториот дел се водеше жестока борба за секоја топка и постигнат го. Во 39.минута го видовме и првото водство на Алкалоид, кога Костески погоди за 21:22. Од Автокоманда водеа до 42.минута кога на семафорот стоеше 25:26. Но во наредните осум избраниците на Лазаров не постигнаа ниту еден погодок. Вардар влезе во серија на седум постигнати голови 50-тата минута поведе со 32-26. И тука веќе беше јасно дека Вардар и по овој натпревар ќе го сочува максималниот ефект 10-од-10 во Супер лигата.
Најефикасен во победничката екипа беше Фадули со 11вгола (без промашување) додека Воркапиќ постигна 7. Кај Алкалоид прв стрелец беше Никола Костески со 8 голови (8 од 8), а Марко Митев постигна 7.
Со оваа победа Вардар се зацврсти на 1.место на табелата, сега со (20 бодови) три повеќе од Еурофарм Пелистер и Охрид (по 17), додека Алкалоид паднат на 4.место и останат на 16 бодови
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | И | гол +/- | Б |
|---|

































