Подмладената женска сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз во претквалификациите за Евробаскетот 2029. Во натпреварот од групата Ц, одигран вечерва во Штип, македонските кошаркарки загубија убедливо од Естонија со 51-86.

Од самиот старт беше јасно дека избраничките на Петровски нема што да бараат во овој натпревар. Гостинките од Естонија го отворија мечот со 12:0, па натаму сè мина во нивни знак. Уште по првиот квартал Естонија имаше убедлива предност од 14 поени разлика, а на истекот на дваесеттата минута и плус 19 (30-49).

Второто полувреме беше само чиста формалност, па на крајот Естонките ја впишаа првата победа, а Македонија вториот пораз. Најефикасна во македонската репрезентација беше Јована Петрушевска со 11 поени, еден повеќе од Цветанка Димова.

Претквалификациите продолжуваат во февруари следната 2027 година, кога на десетти нашата селекција ќе ја пречека Романија, а на тринаесетти ќе ѝ гостува на Естонија.