Изминатите седум дена во СЦ „Јане Сандански“ се одржува најмасовното досега Европско првенство во кикбокс.
На последниот натпреварувачки ден, Македонија го освои првото злато. За тоа се погрижи Нелсон Узеир.

Македонскиот кикбоксер на доминантен начин стигна до најсјајното одличје. Узеир фи финалето на дисциплината лоу-кик -86 кгр. го победи Србинот, Милош Давидовиќ.

Иако заслужи да освои злато, сепак поради судиска одлука Силвио Марковски во лоу-кик -71.кр, мораше да се задоволи со сребро. Марковски доминираше во борбата со Црногорецот, Немања Цадленовиќ, но судиите едноставно „му го украдоа“ златниот медал на македонскиот борец.

Со сребрен медал се закити и Стефан Михајловски кој во дисциплина кик-лајт +94 килограми беше поразен од Михал Јанак од Словачка. Бронзени медали освоија: Петар Велков, Наум Додевски, Марија Димовска, Теа Велковска, Викторија Варадинова и Анастасија Јанчевска.

Македонската Кикбокс федерација заслужи најголеми оценки за организацијата на овој Европски шампионат.