Елена Рибакина официјално го презеде првото место на ВТА листата за првпат во својата кариера.
Тенисерката од Казахстан го обезбеди врвот на женскиот тенис со пласманот во финалето, а потоа и триумфот на УС Опен. Со тоа, Рибакина прекина ја симна од првата позиција својата противничка во финалетпо Арина Сабаленка, која на врвот на ВТА листата беше 99 недели.
Рибакина има 9.901 поен, додека Белорусинката 7.875 поени. Многу блиску до Сабаланкла се Американките Џесика Пегула (7.265) и Коко Гоф (7.244).
Меѓу десетте најдобри се: Мира Андреева, Линда Носкова, Елина Свитолина, Каролина Мухова, Ига Швјонтек и Марта Костјук.
Казахстанската тенисерка стана 30-та различна тенисерка во историјата што стигнала до број еден на светската ранг-листа.
Инаку, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа бележи пад од дури 70 места. Тетовската сега е рангирана на 327-мата позиција на ВТА листата. Потсетување дена најдобриот пласман во кариерата Ѓорческа го имаше во 2017 година кога беше на 170 место.































