Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангирања. Така е и денеска кога е објавена нова АТП листа на најдобрите тенисери во светот.
На првите три места нема промени, па и натаму водечки е Јаник Синер со 11.500 поени, пред победникот на УС Опен, Александар Зверев со 9.690 поени, а трет е Карлос Алкараз со 5.560 поени.
Финалистот од Њујорк, Бен Шелтон направи скок од пет места и сега е на четвртото, што е негов најдобар пласман во кариерата.
Промени во ТОП 10 има уште неколку. Сепак нај впечатливо е што меѓу десетте најдобри го нема најтрофејниот на сите времиња Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер за прв пат по 2018 година не е во ТОП-10. Ѓоковиќ по раната елиминација во Њујорк сега падна на 12-тата позиција на АТП листата.































