Претстојниот викенд, ќе изобилува со спортски настани.

Она што ние го издвојуваме и препорачуваме да не го пропуштите се:

Финалните мечеви во двете конкуренции првиот Гренд-слем тениски турнир Австралија Опен, на кој дамите играа утринава, а мажите во недела од 9 часот и 30 минути

Завршните финални натпревари на Светското првенство за ракометари, каде в недела на програмата се дуелите за медали.

Нашата ракометна селекција ‘одамна’ го заврши настапот на Мундијалот, па нашите претставници во регионалната СЕХА лига, Вардар и Еурофарм Пелистер, може да ги почнат настапите. Први на теренот излегуваат ракометарите на Вардар кои гостуваат кај Татран.

Настапи на регионалната конкуренција имаат и трите македонски екипи во АБА лигата.
Во прволигашкото друштво МЗТ Скопје Аеродром гостува во Подгорица.

Во АБА2 лигата, кошаркарите на ТФТ денеска, а утре Пелистер, на турнирот во Бања Лука, ќе ги одиграат 10.коло.

На домашната спортска сцена, продолжуваат натпреварите во кошаркарските Први лиги. Мажите го играат 13.коло, а во женска конкуренција, на програмата се дуелите од10-тата рунда.

Од фудбалот. Дерби дуели се играат во германската Бундес лигата , односно Француската Лига 1, додека на Африканскиот шампионат ќе ги дознаеме полуфиналните двојки, на тамошното континентално првенство. За македонската јавност најпривлечен е дуелот во Серија А, во кој Елмас и Наполи се домаќини на Рома преведена од Мурињо.

За сите овие настани и многу повеќе навремено информирајте се на нашата веб страни и нашите страни на социјалните мрежи, Фејсбук, Инстграм и Твитер.

Уживајте во богатиот спортски викенд,
Срдечно Ваш, СПОРТ+ МАКЕДОНИЈА