Познати се двајцата тенисери кои ќе се борат за трофејот на последниот Гренд-слем тениски турнир годинава УП Опен.

Во големото финале во Њујорк ќе играат Германецот, Александар Зверев и Американецот, Бем Шелтон. Ова е исходот по ноќеска одиграните полуфинални натпревари на терените на ,,Флешинг Медоу”.

Првиот носител на овој турнир, Зверев за безмалку 3 часа, во три сета го победи на Карен Кахчанов (3:0). Германец од доби првиот сет со 6-3, но во следните два се водеше голема борба. Во нив се играше тајбрејк, а првиот Зверев го доби со 9-7 на поени додека вториот со 8-6.

Во американското полуфинале, Бен Шелтон со 3:1 во сетови го порази сонародникот Френсис Тиафо. Иако повозрасниот Тиафо го доби првиот сет со 4-6, во следните три беше Шелтон. Тој ги доби следните два сета со 6-3, а четвртиот 7-5 и се избори за финалето.

Финалниот меч во машка конкуренција ќе се игра утревечер од 20 часот, а вечерва од 22 часот на програмата е женското финале во кое за трофејот ќе играат Арина Сабаленка и Елена Рибакина.