Лина Ѓорческа денеска го одигра првиот меч, по настапот во квалификациите на УС опен. Ѓорческа со победа стартуваше на турнирот во Анталија, што се игра за награден фонд од 115.000 американски долари.

Таа во 1.коло ја елиминираше седмата носителка Миа Ристиќ од Србија. Ѓорческа триумфираше со 2:0 во сетови (6-1 и 6-3) за 86 минути игра.

Во првиот сет Ѓорческа со два брејка стигна до водство од 4-0 во гемови, за во седмиот гем да ја искористи четвртата сет топка за водство од 1:0. Во вториот сет македонската тенисерка направи брејк во четвртиот гем за водство од 3-1. Предноста ја зачува до крајот на мечот.

Ова беше трет меѓусебен меч на Ѓорческа и Ристиќ и „скорото“ сега е 2:1 за македонската тенисерка.

Во следното коло противничка ќе и биде Италијанката Аурора Ѕантедески.