Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по само еден меч, го заврши настапот на Челенџер турнирот во Анкара.

Ѓорческа претрпе пораз од Ксенија Зајцева со 1-2 во сетови.

Нашата најдобра тенисерка по голема борба го освои првиот сет со 7-5. Во продолжението од 22 годишната Русинка, стартуваше со преј уште во првиот гем, а направи ушпте два и го добо сетот со 3-6, за израмнување.

Одлучувачкиот трет сет донесе голема борба на теренот. И тој Зајцева го почна со бреј, а Ѓорческа го врати во петтиот гем. Сепак Русинката направи уште два, а Ѓорческа еден брејк, па Зајцева со 4-6 го доби сетот, а мечот со 1:2 по два часа и осум минути игра.

Ѓорческа која е на 340.место на ВТА листата, трета седмица по ред, ги завршува настапите уште во раната фаза. Така бреше и на претходните два турнири во Љубљана и Анталија. Денешната нејзина противничка Зајцева е 102 места послабо рангирана од Ѓорческа на ВТА листата.