Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва во Штип ја пречекува селекцијата на Естонија во претквалификациите за Европското првенство 2029. Овој натпревар од второто коло во групата Ц се игра во спортскиот центар „Џексон“.
Селекторот Виктор Петровски направи две измени во играчкиот состав по воведниот пораз на гостувањето кај Романија со 73:52 во Букурешт. Во финалниот ростер од дванаесет кошаркарки за денешниот дуел влегуваат младите репрезентативки Ива Колева и Вања Милосављевиќ. Двете кошаркарки летово беа дел од младинската селекција до 18 години која настапи на континенталниот собир во Тулчеа.
За дуелот против Естонија во македонскиот состав ќе настапат Ана Милованова, Сања Адамовска, Сара Максимовска, Ива Колева и Катерина Поп-Димитровска. Во ростерот на селекторот Петровски се и Милица Николиќ, Теа Трајковска, Јана Пислевска, Јована Петрушевска, Вања Милосављевиќ, Тијана Митрева и Цветанка Димова.
Македонските кошаркарки пред домашната публика во Штип ќе се обидат да го запишат првиот триумф во овој претквалификациски циклус. Според системот за натпреварување, пласман во следната фаза обезбедуваат првопласираните селекции од трите групи и најдобрата второпласирана репрезентација.
Натпревар меѓу Македонија и Естонија ќе почне од 18 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇.




































