Елена Рибакина е победничка на последниот Гренд-слем тениски турнир во годината Отвореното првенство на САД.

Рибакина во големото финале, за 2 часа и 23 минути, ја совлада Арина Сабаленка со 2:1 по сетови 6-4, 5-7 и 6-2.

За тенисерката од Казахстан ова е двоен триумф во Њујорк. Со победата Рибакина го презема 1.место на ВТА листата, токму од Сабаленка која беше на врвот 99 недели по ред.

За Рибакина ова е трета Гренд-слем титула во кариерата, а втора оваа сезонава. Таа повторно ја совлада Сабаленка, од која беше подобра во финалето на Австралија Опен. Сега на Казахстанката и недостасува само трофеј од Париз, односно Френч Опен. Нејзин прв трофеј од Гренд-слем турнирите беше оној ја Вимблдон од пред четири години (2022).

Со овој триумф Рибакина таа ја прекина серијата од 19 последователни победи на белоруската тенисерка на терените во Њујорк. Сега најдобрата тенисерка во светот заработи рекордни 5,5 милиони долари, а поразената Сабаленка ќе мора да се задоволи со сума од 2,8 милиони долари.

Вечерва на централниот терен на „Флешинг Медоу“ во Њујорк ќе се игра машкото финале.

За трофејот на УС Опен ќе се борат Германецот, Александер Зверев и домашниот, американски фаворит Бен Шелтон. Почетокот на финалето е закажано за 20 часот.