Младата македонската фудбалска репрезентација до 17 години ја оствари втора победа во евроквалификациите. Македонските надежи, на квалификацискиот турнир во турскиот Трабзон, го совлада Сан Марино со 1-0.
По големиот пресврт против Унгарија од 3-2 пред три дена, младите фудбалери одново одиграа одлично во дуелот со аутсајдерот во групата. Човек на одлука повторно беше младиот напаѓач на белградски Партизан, Стефан Ристиќ. Тој ја затресе противничката мрежа во 58.минута од натпреварот, по одличната асистенција на Полимац. За Ристиќ ова е веќе четврти погодок во Трабзон, откако претходно постигна хет-трик против унгарската селекција.
Со максимални шест бода од два меча, Македонија веќе обезбеди пласман во елитната фаза од квалификациите. Напролет во 2027 година, низ елитната Лига А, вкупно 28 репрезентации ќе бркаат седум визи за Европското првенство.
Во вторник следува последниот дуел против домаќинот Турција, кој директно ќе одлучува за првото место во групата.




































