Ракометарите на Вардар и на Алкалоид вечерва ќе ги одмерат силите во големото дерби од десеттото коло во Супер лигата. Оваа пресметка на двете водечки екипи на табелата е последниот од денешните натпревари во 10-тата рунда од домашното првенство.
Средбата се игра во спортскиот центар „Борис Трајковски“, откако домаќините обезбедија услови за вистински ракометен спектакл пред полни трибини. Дуелот да се одигра во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ поради зафатеност на големата арена.
Актуелниот шампион Вардар го пречекува градскиот ривал од лидерската позиција со максимален ефект од девет победи и осумнаесет освоени бода. Во претходното суперлигашко коло, црвено-црните ја потврдија одличната форма со убедлив триумф над вицепрвакот Еурофарм Пелистер со резултат 31:23.
Екипата на Алкалоид, предводена од Кирил Лазаров, влегува во вечерашното соочување од второто место со 16 бода на своето салдо. Сино-белите имаат осум победи и само еден пораз сезонава, а денеска со евентуален триумф можат да се израмнат со лидерот.
Меѓусебната традиција во последните сезони е на страната на вардарци, кои славеа на последните четири официјални натпревари против денешниот противник. Последната нивна пресметка во април годинава заврши со победа на Вардар со 30:27 на домашен терен.
Пред почетокот на ова дерби, денеска во рамките на десеттото коло се играат уште три суперлигашки средби.
Дербито Вардар – Алкалоид што ќе почне од 18.30 часот, ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | И | гол +/- | Б |
|---|

































