Германскиот тенисер Александер Зверев е побендик на последниот Гренд-слем турнир годинава УС Опен.

Зверев стигна до својата втора Грен-слем титула во кариерата откако во финалето го совлада домашниот фаворит Бен Шелтон. Германецот славеше со 3-1 во сетови (6:3, 7:6(2), 5:7, 6:2) со одлична игра на теренот во Њујорк.

Зверев го отвори мечот со рани брејкови за лесни 6:3 во првиот сет, а потоа во тај-брејкот од вториот сет комплетно го доминираше американскиот ривал. Шелтон успеа да се врати во третиот сет и со брејк во 12-от гем намали на 2-1. Сепак, Германецот брзо ја врати контролата и во четвртиот сет со два брејка ја запечати победата.

Куриозитет е што Зверев неколку секунди по последниот поен воопшто не беше свесен дека мечот е завршен. Тој дури се подготвуваше за следниот поен пред да погледне во семафорот и да го започне славјето.

Со овој трофеј Зверев заокружи извонредна сезона на најголемите турнири. Претходно го освои Ролан Гарос, играше финале на Вимблдон и полуфинале на Отвореното првенство на Австралија.