Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром по 25 години, повторно се враќа на европската кошаркарска сцена. МЗТ ќе игра во ФИБА Еврокупот.

„Кам-бекот“ на сино-белите од Аеродром е на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“. Пред своите навивачи, МЗТ ќе се обида да стартува со победа во дуелот со грчкиот Ираклис.


Покрај грчката екипа, противници на МЗТ во групата Е се и: Тарту (Естоинија), Вурцбург (Германија), АЕЛ Ларнака (Кипар) и Џики Варшава (Полска).

Двете првопласирани екипи ќе продолжат во втората фаза во која ќе бидат формирани ново четири групи со по четири тима. Потоа следува четвртфиналната рунда (елиминациска).

Целта на избраниците на тренерот Васо Атанасов секако е пласман барем во втората фаза. Задачата нема да биде лесна, но Атанасов најави дека на секој натпревар тимот ќе се бори за победа.

Денешниот дуел меѓу МЗТ Скопје и Ираклис ќе се игра во терминот од 19 часот, а ќе можте да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇.