Mакедонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром не успеа да се израдува на победа во ФИБА Еврокупот. Аеродромци и вечерва пред својата публика се поразени во второто коло од ова натпреварување.

На натпреварот одигран во СЦ „Јане Сандански“, МЗТ загуби од естонскиот состав на Тарту со 92-95.

Гостите подобро го одиграа првото полувреме. По воведните десет минути имаа седум поени предности, која ја одржуваа се до 28.минута кога МЗТ израмни на 39-39. Сепак со 5 врзани поени Тарту на одмор замина со пет позитива (38-44).

Во трета четвртина противничката екипа постојано ја одржуваше, но и зголемуваше предноста. Најголемата, естонскиот тим ја имаше на почетокот на последниот квартал кога водеше со +15. Сепак, македонскиот првак успеа тоа да го надополни тоа и на 30 секунди до крајот да израмни на 92-92. Во последните напади, Пасоја погоди тројка за гостите, а МЗТ не успеа да возврати, па Тарту се радуваше со конечни 92-95.

Четворица кошаркари на МЗТ натпреварот го завршија со двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Николиќ кој со 22, на кои додаде и девет асистенции.

Следната шанса за прв триумф кошаркарите на МЗТ ќе ја бараат нагласувањето во Германија кај Вурцбирг, на 29 октомври.