Македонскиот клупски ракомет викендов повторно е на европската сцена, каде што настапуваат двата последни освојувачи на пехарот во ЕХФ Европскиот куп. Денеска, Охрид во салата „Билјанини извори“ против литванскиот Драгунас Клајпеда ја брани круната во 3.коло од

Охриѓани двата меѓа ги играат пред својата публика

Охриѓани добија голема предност бидејќи двете средби против ривалот од Литванија ќе ги одиграат пред својата публика. На денешниот меч номинален домаќин е Драгунас, а утре таа улога и формално ќе му припадне на Охрид. Бранителот на трофејот од минатата сезона лесно стигна до оваа фаза. Претходно го надигра турскиот Спор Тото. Охрид тогаш славеше со убедливи 36:24 и 38:22, покажувајќи дека има сила за нов долг европски поход.

Литванскиот тим, сепак, не е противник за потценување во борбата за следната фаза. Драгунас во 1/32-финалето го елиминира чешкиот Зубри со две сигурни победи од 28:22 и 34:28. Литванците играат брз ракомет со многу голови, па цврстата одбрана на Охрид ќе има клучна улога. Двата клуба досега немаат одиграно меѓусебен натпревар, но квалитетот и домашниот паркет ја носат фаворитската улога кај охриѓани.

Алкалоид со потешка задача

Утре во рамки на истото 3.коло на терен излегува и вториот македонски претставник, Алкалоид. Клубот кој пред две сезони го освои ЕХФ Европскиот куп има далеку потешка задача во ова 1/16-финале. Ждрепката за ривал му го донесе квалитетниот словенечки состав Горење Велење, кој претходно беше подобар од Диферданж.

Денеска целото внимание е насочено кон Охрид, каде што домаќинот сака уште во првиот меч да трасира пат кон 1/8-финалето.Двата натпревари (денешниот и утрешниот) во салата „Билјанини извори“ ќе се играат во терминот 18 часот.

Победниците од овие двомечи ќе обезбедат пласман во 1/8-финалето.