Фудбалската репрезентација на Македонија го доби Кипар за противник во баражот за опстанок во Б конкуренцијата од Лигата на нации.
Македонската селекција во март 2027 година ќе игра двомеч против Кипар, кој го освои второто место во групата од Ц Лигата, зад Црна Гора.
Македонија и Кипар досега одиграле само два меѓусебни натпревари. Двата дуела беа одиграни пред повеќе од три децении, во квалификациите за Европското првенство.
На првата средба, одиграна на 17 декември 1994 година во Скопје, Македонија славеше убедливо со 3:0. Сите три погодоци беа дело на Бошко Ѓуровски.
На реваншот во Лимасол, на 11 октомври 1995 година, двете репрезентации ремизираа 1:1. Стрелец на единствениот гол за Македонија беше Борче Јовановски.
Кипар во шесте натпревари од групната фаза на Лигата на нации забележа две победи, два нерешени резултати и два порази. Славеше против Летонија со 2:1 и Ерменија со 2:0.
Кипар двапати загуби од Црна Гора, со 1:4 и 1:2. Против Летонија одигра 0:0, а со Ерменија ремизираше 1:1.
Покрај дуелот Македонија – Кипар, во баражот за опстанок во Б Лигата на нации ќе се сретнат и Естонија – Романија, Фарски Острови – Грузија и Белорусија – Израел
































