Бранителот на шампионскиот трофеј во ЕХФ Европскиот куп, македонски Охрид, ја оствари третата победа во новата сезона. Охриѓани во првиот меч против литванскиот Драгунас Клаипеда славеа убедливо со 30-19.

И двата натпревари (денешниот и утрешниот – реванш), Охрид ги игра пред својата публика во „Билјанини извори“.

Гостите од Литванија подобро го отворија натпреварот и имаа водство do 13.minuta (3-4). Во продолжението охриѓани го кренаа нивото во одбраната, а тоа веднаш донесе пресврт. Избраниците на Радивојевиќ брзо го свртеа резултат и на паузата меѓу двете полувремиња заминаа со четири гола позитива (21-17).

Таквата разлика, им донесе мирно второто полувреме на ракометарите на Охрид кои знаеја како да ја одржуваат и зголемуваат разликата. На крајот Охрид славеше со 11 голови разлика.

Доминик Мате и Никола Зечевиќ со по 7 голови беа најефикасните во победничкиот тим на Охрид.

Ревеш дуелот ќе се игра веќе утре, повторно во Охрид, со почеток од 18 часот. По него Охрид само треба да го потврди својот пласман во осминафиналето.

А, утре својот прв меч од 3.коло ќе го играат и ракометарите на Алкалоид, Тие пред своите навивачи во Автокоманда го пречекуваат словенечкиот