Ракометарките на на Спартак забележа убедлива победа над вториот тим на Ѓорче Петров МРК. Во дуелот од 10.коло на женската ракометна Супер лига, Спартак славеше убедлива победа со 35:27.
Натпреварот започна со изедначена игра, а таквата неизвесност траеше до 19-тата минута, кога Спартак успеа да се одвои со предност од 9:7. Гостинките од Ѓорче Петров брзо одговорија и израмнија на 10:10 во 23-тата минута, но Спартак не дозволи противникот да го преземе водството. Со серија од 3:0, домашниот тим на пауза замина со предност од 14:11.
Во второто полувреме ракометарките на Спартак продолжија во ист ритам и постепено ја зголемуваа предноста. Во 47-мата минута веќе имаа убедливи 27:20, по што до крајот на натпреварот рутински ја контролираа играта и не му дозволија на Ѓорче Петров да се врати во резултатска неизвесност. Крајниот резултат беше 35:27.
Најефикасна во победничкиот тим беше Николовска со 12 погодоци, додека Јершек постигна шест гола. Во редовите на Ѓорче Петров МРК најрасположена беше Анчева со 14 погодоци.
Претходно гостински победи во ова коло забележаа двете водечки екипи. Лидерот Ѓорче Петров славеше против Пелистер со 29:17, а Чаир го совладаа Атлетик со 31:27.
Ивона Кимовска



































