По речиси дванаесет дневна пауза, македонскиот клупски фудбал се враќа со интересен дуел и борба за важни првенствени бодови. Екипата на Шкендија Арачиново влегува како фаворит против Башкими на стартот од 14.коло во ПМФЛ.
Домашниот тим игра стабилно сезонава и го држи петтото место на табелата со 18 бода. На последните пет првенствени средби тие забележаа само една победа, две ремија и два порази. По неуспесите против Струга и Силекс, тие ремизираа со Тиквеш (1:1), а потоа славеа кај Арсими со 2:0.
Наспроти нив, Башкими е на осмото место со 11 бода и води тешка битка за бегство од дното. Сепак, кумановци покажаа знаци на будење во последните две првенствени кола и освоија четири важни бода. Тие прво го совладаа Арсими со 2:1, а потоа ремизираа на домашен терен против Брегалница со 1:1.
Пред дваесетина дена овде два тима се сретнаа во дуел од Купот, кој арачиновци го добија со 0-2 на гостински терен.
Денешниот натпревар меѓу Шкендија Арачиново и Башкими ќе почне од 13 часот. Дербито на колото ќе се игра во понеделник коа лидерот Шкендија Тетово ќе го пречека Силекс.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|




































