Селекторот Жозеп Марија Берокал го објави списокот од 15 кошаркари за ноемврискиот ФИБА-прозорец. Македонската репрезентација ја очекува еден натпревар, против селекцијата на Кипар во претквалификациите за Евробаскет 2029.

На списокот се најдоа Ненад Димитријевиќ и американскиот центар Мозес Рајт. Меѓу повиканите се и капитенот Војдан Стојановски, Адем Мекиќ и Стојан Ѓуроски.

Берокал ќе смета на следните 15 кошаркари:

Ненад Димитријевиќ, Виктор Ташовски, Виктор Ефремовски, Војдан Стојановски, Лука Стојановски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Лејсон Зеќири, Валмир Какруки, Резарт Мемед, Тома Стојаноски, Андреј Маслинко, Петар Бошалески, Андреј Андоноски и Мозес Рајт.

Подготовките на националниот тим ќе започнат на 23 ноември во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Првиот тренинг е закажан за 11:30 часот.

Натпреварот Македонија – Кипар, од второто коло во групата Ф од втората фаза на претквалификациите, ќе се одигра на 26 ноември. Почетокот е закажан за 18:00 часот, во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.