Четири натпревари ќе се играат денеска од 8.коло во машката кошаркарска Супер лига. Скопските сали денеска ќе бидат центар на вниманието со две возбудливи пресметки. Непоразениот Работнички е на дерби-испит против ТФТ, додека МЗТ Скопје Аеродром го пречекува разиграниот Штип.

Составот од „Градски парк“ е единствен тим без пораз сезонава и суверено го држи врвот на табелата со 14 бода. Кошаркарите на Работнички имаат максимални седум победи, а самодовербата дополнително им порасна по триумфот во вечното дерби против МЗТ Скопје. Денеска пред нив е ново градско искушение против екипата на ТФТ, која традиционално знае како да игра против најтрофејниот клуб.

Тимот од Тафталиџе досега има четири победи и три порази. Кошаркарите на ТФТ во одличен ритам го чекаат градското дерби, откако врзаа две важни првенствени победи против Куманово и Кожув. Дополнителен адут за гостите е меѓусебната традиција, бидејќи ТФТ славеше на последните три суперлигашки пресметки против Работнички.

Во Аеродром актуелниот шампион МЗТ Скопје нема право на нов кикс пред својата публика. „Сино-белите“ по неуспехот против Работнички и двата пораза порази во Еврокупот, ќе се обидат да се рехабилитираат против екипата на Штип. Сепак, задачата нема да биде лесна бидејќи дебитантот пристигнува во Скопје со три врзани победи.

Саботната програма ја надополнуваат средбите Струмица – Кожув и Пелистер – Куманово.

Сите натпревари може да ги гледате ВО ЖИВО НА ЕДНО МЕСТО ОВДЕ 🏀.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П И кош +/- Б