Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва гостуваат кај естонски Тарту во рамките од 7.коло во ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион ќе се обиде да стигне до првиот триумф во групата Е. Аеродромци по шест одиграни кола се наоѓаат на дното од табелата без ниту една победа.

    Првиот меѓусебен дуел во Скопје беше најдобрата шанса за радост на „сино-белите“ во досегашниот тек од европското натпреварување. На натпреварот одигран во октомври во СЦ „Јане Сандански“, гостите од Естонија славеа во драматична завршница со резултат 92-95. Сино-белите од Аеродром сега посакува реванш за тој тесен пораз и прекин на негативната резултатска серија.

    Кошаркарите на македонскиот првак отпатуваат во Естонија по два врзани порази на европската и на домашната сцена. Минатата недела МЗТ Скопје загуби кај Ираклис со 103-73, а викендов претрпе пораз и од Работнички со 60-74. Од друга страна, Тарту во минатото европско коло загуби од Џики Варшава со 91-84. Естонскиот состав сепак победнички ја најави денешната пресметка откако викендов славеше на гостувањето кај Парну со 67-70.

    Во пресрет на овој дуел, Тарту Уликул е петтопласиран со 8 бодови, додека МЗТ Скопје Аеродром е шести со 6 бодови.

    Вечерашниот натпревар во Тарту започнува во 18 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇.