Младинската фудбалската репрезентација на Македонија со седум порази, две победи и еден нерешен резултат, заврши уште еден квалификациски циклус.
Во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2027, репрезентацијата на Македонија до 21 година е поразена од Шведска со 2-0.
Дека Швеѓаните се фаворити на овој меч, тоа го најавија уште во самиот старт. Веќе во втората минута, домаќините имаа фантастична шанса но Љупче Џеков прекрасно одбрани. Затоа пак веќе во 15.минута домаќините поведоа со 1-0 со голот на Свенсон.
Имаа уште две-три шанси младите Швеѓаните, погодија и пречка, но за наша среќа резултатот остана не променет до крајот на првиот дел.
И во вториот дел иста слика на теренот. Домаќинот постојано притискаше кон голот на нашата репрезентација. Тоа им донесе и удвојување на предноста кога Није во 53,минута зголеми на 2-0.
Ова беше само уште еден во низата, лоши резултати на македонската младинска селекција до 21 година во квалификациите.
































