По репрезентативната пауза, денеска продолжуваат натпреварите во Првата македонска фудбалска лига. Во фокусот е Pпрвиот од двата дерби дуели во оваа рунда. Вардар и Тиквеш и во директна пресметка на третопласираниот и четвртопласираниот тим на табелата.
Двата состави имаат по 24 бода по 13 одиграни натпревари. Тиквеш е третопласиран со подобра гол-разлика, додека Вардар се наоѓа веднаш зад него. На врвот е Струга ТЛ со 29 бодови, пред Шкендија со 27.
Посебна тежина на денешниот дуел му дава и претходната пресметка во Купот на Македонија. Тиквеш на теренот славеше со 3:1, но по жалбата на Вардар, ФФМ го регистрираше натпреварот со службени 3:0 за скопскиот тим. Со таа одлука, кавадарчани беа елиминирани од куп натпреварувањето.
Вардар во првенството доаѓа по победата над Силекс во Кратово со 1:0. Тиквеш, пак, во последното коло освои бод против Шкендија Арачиново, играјќи 1:1. Двете екипи имаат јасна можност со евентуален триумф да направат важен чекор во борбата за подобар пласман.
Денешната програма ќе ја отворат Скопје и Аресими. Домаќинот сè уште ја бара првата победа во шампионатот, додека гостите ќе се обидат да ја искористат можноста за нови бодови.
Четиринаесеттото коло започна вчера со натпреварот Шкендија Арачиново – Башкими, на кој гостите славеа со 1:0. Утре Брегалница ќе ја пречека Струга ТЛ во Штип, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со дуелот Шкендија – Силекс.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|



































