Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром не само што не успеа да се израдува на првата победа во ФИБА еврокупот, туку претрпе и убедлив пораз. Аеродромци вечерва во натпревар од четвртото коло на групата Е, загубија од AEK Ларнака, пред своите симпатизери со 69-85.
Иако македонскиот шампион одлично го започна натпреварот и отвори со 7-0 ,сепак тој ритам не успеа да го продолжи. Гостите брзо ја надополнија предноста девет неодговорени поени и поведоа со седум девет. Првиот квартал тимот од Kипар го доби со 20-23. И средината на второто четвртина си играше рамноправно. Двата тима честопати се менуваа во водство, а потоа гостите од Кипар го наметнаа својот ритам. АЕК на полувреме замина а со седум поени предности (42-49).
Паузата очигледно подобро годеше на гостите отколку на домашните кошаркари на МЗТ. Кипарскиот тим продолжи во ист ритам и стигна до 20 поени предности. Тука веќе беше јасно дека МЗТ го губи овој натпревар во кој АЕК имаше и најголема предност од 24 поени.
За македонскиот шампион ова е четврти пораз, во исто толку одиграни натпревари во ФИБА Еврокупот.
Следниот натпревар МЗТ ќе го игра на гостувањето во полска против екипата на Џики Варшава на 4 ноември.


































