Со дуелот меѓу Скопје и Тиквеш денеска ќе биде отворено 8.коло од македонската машка кошаркарска Супер лига. Натпреварот во Скопје носи судир на две екипи со целосно различна форма во изминатиот месец.

Домашниот состав влегува во оваа пресметка од последното, десетто место на табелата со само една победа и шест порази. Скопје се наоѓа во непријатна серија од четири последователни неуспеси во домашниот шампионат. Единствениот триумф скопјани го запишаа уште на 18 октомври против Струмица со 83:68. Во минатото коло тие одиграа ефикасен меч, но загубија на гостувањето кај Штип со 103:94.

Наспроти нив, екипата на Тиквеш доаѓа во главниот град со одлично расположение и три победи во низа. Кавадарчани претходно ги совладаа ТФТ, Струмица и Пелистер, со што се искачија на високото четврто место на табелата. Тиквеш досега има учинок од четири победи и три порази, односно 11 бодови, колку што имаат и Куманово и ТФТ.

На само трите досега меѓусебни дуели Скопје (лани Маџари) славеше на сите три натпревари. Но, сега составите е водно изменети, па останува да видиме дали домаќинот ќе прекине црната серија или Тиквеш ќе потврди одличната форма.

Натпреварот ќе почне од 13 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇.

Сите останати натпревари од ова коло ќе се играат утре, поради претстојните обврски на сениорската репрезентација во евро-квалификациите.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П И кош +/- Б