Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје вечерва го пречекува кипарскиот АЕК Ларнака во четвртото коло од ФИБА Еврокупот. По трите стартни порази, нашиот претставник во групата Е ќе се обиде да стигне до првиот европски триумф пред домашната публика.

Противникот доаѓа во Скопје со позитивен скор од две победи и еден пораз во досегашниот тек од натпреварувањето. Кошаркарите се свесни за важноста на овој дуел и посакуваат да го поправат впечатокот од претходните европски настапи. Гостите од Кипар имаат квалитетен ростер и негуваат брза игра, што значи дека „штрковите“ ќе мора да одиграат максимално борбено.

Само со агресивна одбрана и паметен напад, МЗТ Скопје може да се надева на посакуваната победа и резултатски пресврт.

Натпреварот во спортскиот центар „Јане Сандански“ е одлична шанса за враќање на победничката самодоверба кај сино-белите кошаркари. Навивачите очекуваат максимално залагање од секој поединец за да се совлада незгодниот ривал од Ларнака во ова клучно соочување.

Дуелот МЗТ Скопје – АЕК Ларнака што ќе почне од од 19 часот, ќе можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇